Не е важно колку пати ќе се разболите или повредите или што и да е. Ако продолжите да верувате и да вложувате труд, има можност, има простор за вас, изјави Венус Вилијамс (45) на прашањето каква порака би можеле да извлечат другите од настапот и од победата на дуелот со Пејтон Стернс (23), со 6-3, 6-4 на тенискиот турнир во Вашингтон (САД), пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Постојат многу причини зошто оваа конкретна победа на Венус Вилијамс во овој конкретен тениски натпревар, кој е само еден од стотиците, одекна кај толку многу луѓе, како, на пример, дека таа има 45 години, само една тенисерка, Мартина Навратилова, некогаш победила на натпревар во поединечна конкуренција на ниво на турнеја додека била постара, Вилијамс не учествуваше на турнири 16 месеци, беше на операција, пишува АП. Венус Вилијамс победува во тенисот со децении. Novamakedonija