Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека ја прекинал соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.
Стефанос Циципас самиот објави дека после неполни два месеци ја прекинува соработката со Горан Иванишевиќ, а во ситуација кога се појавија и доста шпекулации за лош крај и „зла крв“ меѓу двете страни, славниот хрватски тенисер вечерва демантираше такво нешто во изјава за домашен медиум.