Добивај вести на Viber Групацијата Адора објави дека утре ќе започне погребната церемонија за младиот бизнисмен Душко Чифлиганец кој загина во несреќа со автомобил во Чешка.
Дипломатско-конзуларното претставништво (ДКП) во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот Д.Ч., со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во земјава, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Оттаму нагласуваат дека до Амбасадата во Прага, Чешка, на 2 август 2025 година била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување.
Македонската јавност ја потресе трагичната вест за смртта на Душко Чифлиганец, синот на еден од најпознатите македонски бизнисмени – Ванчо Чифлиганец, сопственик и основач на градежната компанија „Адора инженеринг“.
Ева Заева, со која Душко Чифлиганец беше во врска неколку години, на Инстаграм Стори сподели трогателна и тажна објава со која се прости со прерано починатиот бизнисмен.