Ѓорческа ѝ одржа лекција на Паганети за четвртфинале во Куршумлиска БањаНајдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена, откако во осминафиналето на турнирот во Србија ја совлада Италијанката Виторија Паганети со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Иако мечот започна неповолно за Ѓорческа – Паганети направи ранен брејк и поведе со 3-1 – македонската тенисерка брзо се стабилизираше и одговори со два брејка во серија.