Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва во Скопје лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот оваа сезона во Лига Европа.
Ракометарите на Вардар со стил ја завршија сезоната во Европската лига, земајќи му скалп на бундеслигашот во Скопје со триумф од 32-30 (17-17). Избраниците на Гиљермо Милано добро ја комплетираа европската авантура, со победа над апсолутниот фаворит во групата кој немаше резултатски мотиви во СЦ „Јане Сандански“.