Најдобриот македонски пливач во моментов, 17-годишниот Никола Ѓуретановиќ, исплива спектакуларна трка на 400 метри на Светското првенство (СП) во мали базени, откако убедливо го подобри досегашниот државен рекорд.
Тинејџерот патеката ја исплива за 3:53,05 минути, што речиси три ипол секунди подобро остварување од досегашниот најдобар резултат на Марко Блажевски (3:56,32). Тој квалификациите ги заврши на 40. место во конкуренција на 49 пливачи, што секако нема да го намали неговото задоволство од остварениот резултат.