Ракометарите на Еурофарм Пелистер му вратија на Вардар за поразот од Скопје, и вечерва во Битола до добија дербито со 35-33. Се чини клучно беше првото полувреме во кое битолчани стигнаа до +9, но во вториот дел тие целосно потфрлија, па Вардар во еден миг стигна и до само еден гол негатива, но не успеаја со целосниот „кам-бек“.
Почетокот на натпреварот се играше гол за гол, а првата опиплива предност Е. Пелистер ја направи кога дојде на 8-4. Сепак, „црвено-црните“ се држеа некако се до крајот, кога попуштија во одбраната, па така Пелистер во последната секунда стигна и до највисоките девет разлика, благодарение на катастрофалното издание во дефанзивата на „црвено-црните“.