Москва ги демантираше информациите во турските медиуми, според кои Асма Асад – сопругата со британско потекло на поранешниот сириски претседател Башар Асад – барала развод и да ја напушти Русија, пренесува „Ројтерс“.
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.