Србинот Новак Ѓоковиќ и Австралиецот Николас „Ник“ Хилми Кириос ги одушевија навивачите на нивното деби во двојки во понеделникот, победувајќи го првото коло на турнирот во Бризбејн со 6:4, 6:7(4), 10:8, австриско-германската комбинација на Александар Ерлер и Андреас Миес. Netpress
Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП турнирот во Бризбејн.
Тој на овој турнир ќе игра и во сингл и во двојки. A1on
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ и Австралиецот Ник Кирјиос победија во првото коло на турнирот во Бризбејн, каде по супер тај-брејк беа подобри од германско-австриската двојка Александар Ерлер/Андреас Миес – 2-1 ( 6-4, 6-7, 10-8). Тоа беше прв официјален натпревар за Ноле и Кирјиос во новата натпреварувачка година, а воедно и прв што го одиграа како партнери и веднаш се виде дека може да биде добитна комбинација.
Не само што успеаја да остварат триумф и со тоа да ја подигнат самодовербата пред почетокот на натпреварувањето во сингл конкуренцијата, туку и им приредија вистински спектакл на фановите и љубителите на тенисот. Gol