Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ неодамна беше ограбен, откако крадци влегле во неговиот дом, а со идентични проблеми се соочија и други спортисти поради што е почната истрага во Америка.
Американските медиуми пишуваат дека ФБИ се вклучил во истрагата, а според нивните извештаи, крадците бараат жртви кои во своите домови имаат скапоцени предмети, како скапи чанти, накит, часовници и слично.