Поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп за Реал Мадрид беше голем удар, а Карло Анчелоти се најде на мета на сериозни критики поради што реши дека е време да ги „протресе“ работите во екипата на кралскиот клуб.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти размислува за значителни промени во својот тим за да избегне повторување на понижувачки порази како оној од Барселона (2:5) во финалето на шпанскиот Суперкуп и претходниот во Ла Лига (0:4). Според „The Athletic“, Анчелоти планира да донесе повеќе рамнотежа во одбраната со вклучување дополнителен играч од средниот ред на сметка на еден од напаѓачките играчи.