Ова е едно големо искуство за нас, треба да сме задоволни и да научиме доста лекции, изјави селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров по поразот од Франција (32-25). -Ова е едно големо искуство за младите играчи, носејќи се со вакви ѕвезди кои секоја година освојуваат по повеќе титули, а ние доаѓаме од една мала Македонија, од македонска Суперлига.
Македонскиот селектор Кирил Лазаров по крајот на настапот на Светското првенство зборуваше на повеќе теми.