Ниту 21 одбрана на Андреас Волф не беа доволни за Германија да ја елиминира Португалија во 1/4 финалето на Светското првенство.
Ракометарите на Португалија по голема драма и продолженија успеа да слави против Германија со 31-30, па така стана последниот полуфиналист на Светското првенство (СП). Португалија подобро го отвори мечот и поведе со 5-1, по што Германија се созема и го возврати ударот (7-8). Големата борба продолжи и во продолжение од првото полувреме, а на паузата со предност од 13-9 заминаа Португалците.