Ракометарите на Алкалоид вечерва на гостувањето во Италија забележаа победа над Бриксен со 32-44 (18-23). По убедливата победа, избраниците на Кирил Лазаров речиси сигурно ќе се пласираат во четвртфиналето во Европскиот куп на ЕХФ.
Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп, Алкалоид е на добар пат да се пласира во четвртфиналето од натпреварувањето откако во првиот осминафинален меч против италијанскиот претставник Бриксен стигна до убедлив триумф и тоа на гостински терен од 32-44. Избраниите на Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар, контролирајќи ја средбата од самиот почеток до крај.