Најдобрите светски тенисери моментално се во Катар, каде ќе се натпреваруваат на АТП 500 турнирот во Доха, а по тој повод добија можност да се претстават и да откријат што можат да кажат на арапски.
Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш покажа зошто важи за полиглот, откако за време на престојот во Доха (Катар), каде што ќе настапи на турнир од серијата 500, ги демонстрира своите јазични способности.