Утре ќе се влече ждрепката, а можни противници се Рунар Сандерфјорд, Партизан, АЕК, Извиѓач, Хаукар, Баја Маре, како и победникот од мечот вчера Олимпијакос – Драмен Македонскиот суперлигаш Алкалоид обезбеди место меѓу осумте најдобри клуба во Европскиот куп на Европската ракометна федерација (ЕХФ), откако вторпат, односно и во реваншот одигран во Скопје, го совлада италијанскиот претставник Бриксен, сега со 38-31. Алкалоид славеше една недела претходно на гостински терен, со 44-32. Избраниците на тренерот Кирил Лазаров на тој начин се пласираа во четврт-финалето во Европскиот куп, мошне убедливо остварувајќи шест победи од исто толку натпревари, што претставува значаен успех на македонскиот клупски ракомет. Novamakedonija