Министерот се осврна и на спортската инфраструктура во Македонија.
Во тек е обнова и реновирање на повеќе сали низ целата држава. Plusinfo
Но против сме да се трошат државните пари без резултати.
Мора да работиме плански. Plusinfo
Министерот за спорт Борко Ристовски и министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска денеска присуствуваа на панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“ во организација на специјализираниот портал за ракомет Саморакомет.мк. Стратегија, визија, инфраструктурни проекти и форми на финансирање на државата во спортот, поконкретно во ракометот, беа темите на кои министерот Ристовски и министерката Димитриевска-Кочоска ги изнесоа своите ставови и одговараа на прашањата од присутните во третиот дел од панел-дискусијата.
Како поранешен ракометен репрезентативец и актуелен министер за спорт, Ристовски потенцираше дека ракометот според конкретните резултати е позициониран како спорт број еден во државата и таков статус има и во стратгијата на Министерството за спорт. Gol