Со тоа тие ја дополнија колекцијата освоени медали од овој турнир, на кој ден порано злато освои кадетката Ведрана Тунески, а бронза јуниорот Андреј Василевски.
Дејан Георгиевски и Милијана Рељиќ освоија и нови поени за олимписката ранг-листа за пласман на ЛОИ 2028 Македонските олимпијци Дејан Георгиевски (категорија над 87 килограми) во машка и Милијана Рељиќ (до 62 кг) во женска конкуренција постигнаа нов голем успех, освојувајќи бронзени медали на еден од најсилните меѓународни таеквондо-турнири, „Бугарија опен“ во Софија, од серијата Г1-турнири.