Пласман во финалето во скок во далечина со нов државен рекорд обезбеди вечерва Андреас Трајковски на првиот ден од атлетското Европско првенство (ЕП) во сала кое до 9 март се одржува во холандскиот град Апелдорн. Libertas
Ова е беспрекорен резултат за Трајковски и македонската атлетика која првпат во историјата има свој претставник во финална дисциплина на Европско првенство!
Во конкуренција на вкупно 17 скокачи во далечина кои се појавија во квалификациите, Трајковски скокот од 7,85 метри, што е негов најдобар резултат сезонава, го имаше во последната трета серија. Ekipa