Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2. Јулијан Алварез го доведе Атлетико во водство во 45. минута.
На „Ванда Метрополитано“ вечерва се случи невозможното – Атлетико Мадрид загуби по водство од 2-0. Во дербито на колото во Примера избраниците на Чоло Симеоне имаа сигурна предност од два гола против Барселона, но каталонскиот тим со чудесен пресврт се избори за голема победа од 2-4. За гигантот од Мадрид ова беше втор голем удар за само неколку дена, откако претходно по изведувањето на пеналите забележа елиминација од Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал Мадрид.