Според пропозициите, автоматски пласман на ЕП 2026 имаат трите медалисти од последниот континентален собир (Норвешка, Данска и Унгарија) заедно со петте селекции домаќини (Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција). Пласман преку квалификациите ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани репрезентации од вкупно шесте квалификациски групи.