Четврторангираната светска тенисерка се мачеше да го преброди најпријатното изненадување на турнирот, Александра Ијала, по три сета (2-1) и два и пол часа игра, триумфирајќи на крај со 7-6(3), 5-7, 6-3. Младата тенисерка од Филипини на крајот немаше сили да приреди уште едно изненадување по Јелена Остапенко, Медисон Кис, Паула Бадоса (отказ) и Ига Швјонтек. Ekipa