Со извонредна игра и убедлива победа од 32-25 против романскиот Баја Маре, ракометарите на Алкалоид испишаа историја, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Plusinfo
Екипата на Алкалоид го бележи најголемиот клупски успех, со пласман во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Gol
Овој историски успех добива поголема вредност ако се знае дека на двете средби Алкалоид играше без повредениот Марко Митев, еден од најдобрите во тимот.
Во следната фаза противник на Алкалоид ќе биде Рунар Сандерфјорд од Норвешка. Libertas