Екипата на Интер се избори полуфинале во Лигата на шампионите, откако синоќа на домашен терен ремизираше против Баерн Минхен (2-2) со што ја потврди предноста стекната во првиот натпревар во Германија (1-0). Иако баварскиот гигант направи пресврт во текот на мечот, „нераѕурите“ успеаја да се вратат со втор погодок и да ја задржат предноста.
Баерн Минхен прв поведе на натпреварот на „Сан Сиро“ против Интер, но домаќините за само две минути успеаја да го променат резултатот.