Двократниот австралиски шампион во двојки на Гренд слем турнирите, Макс Персел, прифати 18-месечна суспензија поради кршење на антидопинг правилата, соопшти во вторникот Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA). Персел призна дека ги прекршил правилата поврзани со употребата на „забранета метода“ откако несвесно примил интравенска инфузија на витамини над дозволената граница од 100 мл во период од 12 часа и доби привремена суспензија кон средината на декември. Netpress