Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка се радуваше на нов трофеј сезонава откако стигна до триумф на ВТА мастерсот во Мадрид.
Белорусинката во финалето во крајно интересен натпревар славеше над американската тенисерка, Кори Гоф со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6. Со овој триумф Сабаленка само ќе ја зациментира првата позиција на ВТА листата. Ekipa