Официјално: Реал Мадрид има нов тренерЧаби Алонсо е новиот тренер на тимот по заминувањето на Карло Анчелоти, потврдија од Реал Мадрид.
Освен Лука Модриќ денешниот натпревар на Реал Мадрид беше последен и за Карло Анчелоти на клупата, Италијанецот како што е познато ќе ја продолжи кариерата како селектор на Бразил.
Лука Модриќ последен пат играше на „Сантијаго Бернабеу“ за Реал Мадрид во победата над Реал Сосиедад (2-0) во последната рунда од Ла Лига.
Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, од денес и официјално е нов тренер на „Кралскиот клуб“, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.