Министерката за спорт на Берлин, Ирис Шпрангер, изјави дека градот има амбиција да ги организира Олимписките и Параолимписките игри во 2036, 2040 или 2044 година, користејќи ја постојната спортска инфраструктура, пренесува „АП“.Сепак, нејзината најава дека во организацијата би бил вклучен и поранешниот аеродром Темпелхоф најверојатно ќе се соочи со отпор од локалното население, кое уште во 2014 година преку референдум се изјасни против каква било изградба во популарниот градски парк.