Деветтата емисија од третата сезона на серијалот „(Не)успех на шампионот: Специјал со Славен Билиќ“, која се емитува на каналите Арена Спорт, го донесе вториот дел од разговорот со тенискиот великан Новак Ѓоковиќ.
Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка се најде пред интересен предизвик, кој му беше поставен минатата недела за време на „Ролан Гарос“.Популарниот Стен имаше задача да избере помеѓу двајца играчи кои му се нудат, при што постојано се додава по еден нов, сè додека не остане последниот, најдобриот.