Вимблдон кој се смета за бастионот на тениската традиција, губи уште еден препознатлив симбол.
Линиските судии, препознатливи по нивните елегантни униформи, кошули поло Ралф Лорен, вратоврски, панталони, јакни и француски беретки, ќе бидат заменети со електронска контрола на линијата (ELC). Британците се познати како „тврди“ традиционалисти во многу аспекти, а Вимблдон не е исклучок, туку едно од најголемите преостанати упоришта на спортската автохтоност на островот.