Синер никогаш нема да заборави еден момент на Ролан ГаросЈаник Синер сè уште не може да се помири со поразот во финалето на Ролан Гарос од Карлос Алкараз.
Најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата на турнирот во Хале, Јаник Синер беше шокиран во второто коло од Александар Бублик со 1-2 во сетови, односно 6-3, 3-6 и 4-6. Синер го доби првиот сет со 6-3 за само 26 минути и делуваше дека лесно ќе запише победа, меѓутоа ривалот од Казахстан се разбуди во вториот сет и го освои со 6-3, а Бублик беше одличен и во четвртиот сет каде што славеше со 6-4. Италијанецот ваков пораз нема доживеано одамна, односно ова му е прв неуспех против некој тенисер кој е надвор од топ-20 по дури 673 дена.