Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласира во четврт-финалето од фјучерс-турнирот во Загреб, откако по голема борба во три сета го совлада Србинот Душан Обрадовиќ (2-6, 6-2, 6-1). Ова е значаен триумф за нашиот тенисер, со оглед што противникот беше речиси двојно подобро рангиран на АТП листата (897-585) и втор во низа во хрватската престолнина. Sportski