Ламин Јамал пред неколку дена стана полнолетен, го прослави 18 роденден, а тоа значеше дека е исполнет последниот услов за да се официјализира соработката со Барселона, поточно да се стави потпис на новиот договор.
Во неделата, Ламине Јамал организираше гламурозна прослава по повод 18-тиот роденден на Ибица, но и покрај одредени ограничувања, таа не можеше да помине без скандал.
Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.