Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно да го дадат „зелено светло“ за пристапување на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година.
Европската унија ќе ја одобри кандидатурата на Бугарија за воведување на еврото на 1 јануари 2026, со што таа ќе стане 21. членка на еврозоната, објави „Политико“.Неколку официјални претставници изјавија за политичкиот магазин дека се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно, по неколкугодишно чекање, да дадат зелено светло во извештајот, кој ќе биде објавен следната среда.