На повеќе локации во Скопје и околината од вторник, 15 јули, до крајот на август ќе се снима осмиот игран филм по сценарио и режија на Милчо Манчевски – „Збогум, Копакабано“, со работен наслов „Биста“.
Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“), за кој Манчевски вели дека бил незаконски забранет речиси три години.