На програмата се филмовите „Сонце зад решетки” од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден” од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.” од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел” од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу” од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно” од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев; и „Споменик” од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски. Ekran