Платформата за продажба на билети Ticketmaster продаде повеќе од 900.000 билети, но концертите предизвикаа и негодување поради вртоглавото зголемување на цените, познати како „динамични“ цени, предизвикани од големата побарувачка.„Веќе го видов најдобриот дел, ова е бонус“, рече Сем Инглиш, 47-годишник од Норвич, кој го гледал бендот четири пати пред нивното распаѓање во 2009 година.„Мислам дека многу мажи на средна возраст како мене ќе се вратат во минатото“, рече Инглиш, кој ќе присуствува на концертите во Манчестер и Лос Анџелес.