Новата сезона во Драмски започнува утре, на 20 септември, со претставата „Мојот маж”. Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата “Мојот маж” ја доби награда за „Актерска бравура”. Во образложението на жирито е истакнато: “Неспорна работа е дека актерската уметност има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт, но дека актерската подела во една претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Republika