Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
0.00
4.52
2.11/0.00
6.00
0.64
0.11
621.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
30 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 17.8
Best clustering variants
30 0.99/0.01 2 17.8
20:06 h 04-Oct-2024
  • „Букстар“ во изминатите десет години се трансформираше во уникатен книжевен спектакл кој во четири фестивалски денови донесе полни сали и полни срца.
  • ◉ Алесандро Барико: Пишувањето е начин да се биде во реалноста, не да се бега од неа
12:36 h 03-Oct-2024
  • Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“.
  • Со онлајн-разговор со Алесандро Барико се затвора Фестивалот на европска литература, Јон Калман Стефансон ја прими наградата „Букстар“
12:32 h
  • За мене, како впрочем и за повеќето од нас, поважна е потрагата, отколку наоѓањето на конечни одговори.
  • Јон Калман Стефансон: Можеби на следното мое креативно патување и Македонија ќе патува со мене
Republika

Врвни европски автори донесе годинешниот фестивалот: Мирженка Чехова (Чешка), Паола Перети (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина), Игор Маројевиќ (Србија), Румена Бужаровска, Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Здравка Евтимова (Бугарија) и Јон Калман Стефансон (Исланд), како и Алесандро Барико (Италија). Секако, фестивалот немаше да биде она што е, ако дел од него не беа и бројни домашни автори и уметници.

Покрај авторите, дел од фестивалот беа и реномирани европски издавачи, така што претставниците на издавачките куќи и авторите имаа можност да се сретнат со Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културзомер“ – Виена, Австрија; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине, Италија; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, Бугарија; Бенјамин Лангер – преведувач од македонски на германски јазик и соработник на „Традуки“. Republika

Kajgana

Вечерта се заокружи со книжевен стендап-настап на Марјан Георгиевски, кој наместо половина час, траеше речиси деведесет минути, а во текот на денот се одржа и книжевно читање „Преобразба(та)“/“The metamorphosis”, кое го водеше Пепи Стамков а на кое се претставија пет домашни (Оливера Ќорвезироска, Васко Марковски, Биљана Стојановска, Живко Грозданоски, Ана Голејшка-Џикова) и пет странски автори, потоа, Паола Перети од Италија одржа креативна работилница за деца и тинејџери, а поткаст со Кристијан Новак од Хрватска и Јон Калман Стефансон од Исланд, имаше Душко Крстевски.

Исто така, во претпладневните часови беше организирана и традиционалната неформална туристичка тура „Кога писателот шета писатели“, која ја предводеше Васко Марковски, преку која гостите запознаа дел од историското и културно милје на Скопје и на нашата држава. Kajgana