Во книгата се поместени и интервјуа направени пред изборите 1990 година, со лидерите на водечките политички партии д-р Гане Тодоровски, м-р Петар Гошев, Невзат Халили, Љупчо Георгиевски и Стојан Андов… Тука се поместени и интервјуата со Хенрик Сокалски од Унпредеп, Владимир Ралев од македонската дијаспора, со Симон Трпчески, тогаш млад и надежен пијанист; Сониа Зоран, швајцарска новинарка и автор на книгата „Распаѓањето на Југославија“ (1993 година), угледниот новинар-фоторепортер и подоцна бизнисмен Роберт Јаки… Авторот за свој голем успех ги смета и текстовите со кои е спречена изградбата на цементарница во непосредна близина на Белград, како и текстовите за рехабилитацијата на Ченто и другите бурни настани на македонската политичка сцена на крајот на осумдесеттите и првите години од деведесеттите години на минатиот век, вклучувајќи го и периодот кога бил одговорен уредник на МИА (1999 – 2000). Ненад Баткоски е роден 1958 година во Вевчани.