На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм.