Сите членови на комисиите се врвни професионалци, колку сме потранспарентни, толку ќе бидат помали притисоците.
Како што е транспарентен целиот процес, и објавувањето на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес и критериумите што ги бараме, така одлучивме да ги објавиме и членовите на комисиите за оценување на пријавите.
Сите членови се врвни професионалци во својата област, посочи денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Тој за време на неговата посета на Кинотека на Македонија, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека имал состанок со членовите на комисиите, при што им било кажано дека ќе бидат изложени на одредени притисоци, но колку е поголема транспарентноста, толку ќе бидат помали притисоците. Republika
Ова го кажа министерот Љутков, откако вчера беа објавени фотографии од состанокот со имињата на тричлените комисии од музичка, ликовна, драмска , издавачка, музејска и библиотечна дејност, заштита на културно наследство и фолклор.
Нивното објавување е во рамките на спроведениот транспарентен процес околу конкурсите, што беше забелешка на Државниот завод за ревизија, кажа министерот за култура и туризам. Telma
На прашање кога ќе се распише конкурсот за креативни индустрии, министерот рече дека за многу брзо време ќе бидат објавени и другите конкурси.
Вчера имав прв состанок со новиот Совет на култура на министерот, така што за многу брзо време ќе ги објавиме и другите конкурси, посочи Љутков. Kanal5
После разговорот гледам никој не се откажа, никој немаше ништо против.
Се надевам дека се ќе тече во најдобар ред. Republika
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Кинотека потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
Министерот за култура и туризам , Зоран Љутков , при денешната работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Љутков им посака успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите на годишните конкурси.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма за култура за 2025 година.
Вредни археолошки предмет, стари речиси 2 илјади и петстотини години се пронајдени во Охридско-струшкиот регион.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.
Осумдесеттина епохални наоди, исклучително вредни археолошки предмети се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта.
Осумдесеттина исклучително вредни археолошки предмети се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта.