Ликовите ги играат актерките на Драмски театар Скопје: Снежана: ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ, Ловецот: НИНА ЕЛЗЕСЕР, ТРНОРУШКА, Трнорушка: БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА, Принцот: САРА КЛИМОСКА, Џеки: ТРАЈАНКА ИЛИЕВА-ВЕЉИЌ, Силвија: ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ и Ингеборг: ЈАСМИНА ВАСИЛЕВА Во програмската книшка на претставата режисерката Жива Бизовичар истакнува: Циклусот постдрамски текстови Драми на принцезите со поднаслов Смртта и девојката, нобеловката Елфриде Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. A1on