Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска напладне ќе биде одбележан јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година. Nezavisen
Утре (сабота/23.11.2024 год.) со почеток во 12 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе биде свечено одбележан јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година.
Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна, а свои обраќања по повод јубилејот на оваа врвна институција од областа на библиотекарството ќе имаат в.д. директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски, државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Republika
Од НУБ „Св. Климент Охридски“ најавија дека обраќања по повод јубилејот ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, в.д. директорот на Јовица Никчевски и државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова.
Прославата ќе биде збогатена со настап на националниот ансамбл „Танец“, со изведба на неколку музичко-фолклорни композиции од машка и од женска пејачка група со придружба на дел од оркестарот на традиционални инструменти. Kanal5