Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се избори за пласман во четвртфиналето на силниот фјучрс кој се игра во Селва Гардена, откако славеше во второто коло над осмата носителка, Армани Бенкс од Велика Британија со конечни 2-1, по сетови 5-7, 6-3 и 6-2. Македонката успеа со пресврт да ја надигра противничката и стигна до пласман меѓу осумте најдобри на турнирот вреден 40.000 американски долари.
Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога и славеше сигурна победа против претставничката од Словенија, Кристина Новак која е на 1006. позиција на ВТА ранг листата.