Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа во трилер меч загуби во четвртфиналето на тенискиот турнир во италијанската Селва Гардена.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се избори за пласман во четвртфиналето на силниот фјучрс кој се игра во Селва Гардена, откако славеше во второто коло над осмата носителка, Армани Бенкс од Велика Британија со конечни 2-1, по сетови 5-7, 6-3 и 6-2. Македонката успеа со пресврт да ја надигра противничката и стигна до пласман меѓу осумте најдобри на турнирот вреден 40.000 американски долари.