Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди.
Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар актер (Адријан Броди) и награда за најдобра режија (Брејди Корбет). На крајот од својот говор, Корбет му оддаде почит на режисерот Џеф Баена, кој почина оваа недела.