Денес кога на многу јазици на светот се пишуваат чудесни збогувања со Дејвид Линч, забележлив е еден редок феномен, кој го пишуваме на македонски јазик: Дејвид Линч е симбол и на американскиот, но и на авторскиот филм со кој се идентификуваат младите синеасти и од најсиромашните земји на светот, бидејќи како што забележува еден од врвните француски интелектуалци, Фабрис Далмеида, во неговата книга „Историја на пропагандата“ од Универзитетот „Пантеон Асас“ и почесен доктор на Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ – Линч никогаш не го прифати теророт на холивудската индустрија како машинерија на тиранијата на моќта, која ја разорува човечката надеж. Novamakedonija