За награденото дело одлучила жири комисијата во состав на претседателката Катица Ќулавкова и членовите Гордана Михаилова Боштакоска и Влада Урошевиќ.
Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, додека „Посвети и пофалби“ од Иван Џапароски, во издание на „Дијалог“ е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка во 2024 година, информираше денеска на прес-конференција претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Живко Грозданоски. Kanal5
Како што најавија од ДПМ, ќе бидат објавени добитниците на наградите „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади, „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика и „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија.
Сите дела се објавени од членовите на ДПМ. Nezavisen