Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. A1on
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 21 часот.
Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири, една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Plusinfo
Оперскиот концерт ќе има два дела.
Во првиот дел ќе биде со дела од италијанската музичка литература, а во вториот дел ќе биде проткаен со шпанското музичко творештво и со неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар. Novamakedonija
Аесовски потенцира дека маестро Пласидо Доминго има кариера, која се протега 50 години, и е заслужен дел од светската оперска уметност.
Досега имал над 150 солистички улоги, над 4.400 настапи и над 600 настапи како диригент. Kanal5
Најавува дека концертот и неговата програмата ќе разбудат радост, емоции и смеа кои публиката долго ќе го памети.
Маестро Пласидо Доминго ќе пристигне во Скопје неколку дена пред концертот, на 11 март, по што ќе има две проби со Орекстарот и со Хорот на Операта. A1on
Се надевам и сигурен сум дека ќе има бис, додаде Арсовски. специјално гостување и не е дел од некаква турнеја.
Најави дека продукцијата и озвучувањето ќе биде перфектно и додаде оти ова не е прв концерт на Пласидо Доминго во спортска сала. A1on
Доминго, како што рече, е едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 „Греми“ награди.
Доминго бил член на Тројцата тенори, режисер, диригент, почесен уметнички директор на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон. Novamakedonija